-->
-->
Антиисламистички протест пред Бранденбуршката порта
-->
Активисти на десничаркото антиисламистичко движење денеска одржаа едночасовен протест пред Бранденбуршката порта во Берлин.
Демонстрантите побараа „безбедност на германските граници“. Полицијата соопшти дека 15 лица биле накратко приведени поради протестот и веројатно ќе добијат кривични пријави поради заплашување и кршење на законот за собир на јавно место.
Портпаролката на берлинската полиција Патриција Бремер изјави дека собирот бил организиран од Идентитетското движење.
Германската разузнавачка служба на почетокот од месецов почна да го надгледува ова екстремно десничарско движење, бидејќи претпоставува дека негова цел е поткопување на демократијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши