Антивладини протести во Прага

Околу 70.000 луѓе денеска протестираат на Вацлавскиот плоштад во Прага против чешката Влада, Европска Унија и НАТО.
Протестите се во организација на чешките радикални националисти и други вонпарламентарни партии. Главно барање на организаторот на протестот насловен „Чешка на прво место“ е оставка од коалициската Влада на премиерот Петр Фијала, како и смена надворешната политика кон Русија.
Исто така се бара и Чешка да прогласи воена неутралност, како и да се носат одлуки независно од Светската трговска организација и од Обединети нации. Чешка мора да се ослободи и да не биде директен политички поданик на ЕУ, СТО и ОН, беше наведено во поканата за протестот.
Демонстрантите исто така побараа по оставката на Владата да се овластат експерти од радикалните националисти, комунистите и други антисистемски движења и иницијативи да склучат договор со Русија во име на Чешка за итна испорака на евтин гас. Тие исто така бараат чешките производители да ги напуштат европските берзи за електрична енергија и да се ослободи целата чешка економија од странски капитал и компании.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
