Антонио Кошта во посета на Париз и Даблин

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска ќе престојува во Париз, а утре ќе го посети Даблин.
Како што соопшти Европскиот совет, Кошта во Париз ќе учествува на годишната конференција на Институтот „Жак Делор“, насловена „Нова енергија за Европа“.
Предвидено е на конференцијата да стане збор за иднината на Европа во области како што се климатските промени, одбраната, економијата, инклузивноста на граѓаните и проширувањето.
Утре, Кошта ќе престојува во Даблин, каде ќе има средба со ирскиот премиер Мајкл Мартин.
Посетата на Ирска е дел од „Турнејата низ главните градови“ на Кошта, чија цел е размена на мислења со лидерите на членките на ЕУ за главните политички приоритети и методи на работа на Европскиот совет.
Според најавата, Мартин и Кошта ќе се фокусираат на клучните теми за кои ќе се разговара на следниот Самит на ЕУ, закажан за 18 и 19 декември – поддршката на Украина, Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на ЕУ, европската конкурентност и ситуацијата на Блискиот Исток.
– Со оглед на тоа што Ирска се подготвува за претседавање со ЕУ во 2026 година, со нетрпение очекувам да соработувам со премиерот Мартин за да ги унапредиме нашите заеднички приоритети: поддршката за Украина, мир на Блискиот Исток и обнова на Газа, како и зајакнување на нашата конкурентност без да изоставиме никого, порача Кошта во пресрет на посетата на Даблин.
Ирска ќе претседава со Советот на ЕУ од јули до декември 2026 година.
МИА
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
