Анже Логар и Пирц Мусар во вториот круг од претседателските избори во Словенија
Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Анже Логар освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори.
Според речиси конечните резултати кои покриваат 99,9 отсто од преброените гласови, Логар (46) доби речиси 34 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка од левиот центар Наташа Пирц Мусар (54) нешто помалку од 27 отсто од гласовите.
Околу 1,7 милиони гласачи ќе одлучуваат за новиот претседател во вториот круг од изборите закажан за 13 ноември.
Логар е член на Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој беше разрешен пролетта по контроверзниот мандат проследен со бројни демонстрации.
Неговата противкандидатка, адвокатката Наташа Пирц Мусар, синоќа изрази надеж дека ќе стане првата жена што ќе ја предводи Словенија.
Премиерот Роберт Голоб, чиј кандидат Милан Брглез освои 15,4 отсто од гласовите, навести своја поддршка за Наташа Пирц Мусар.
Новиот претседател ќе го наследи Борут Пахор (58), кој беше во два мандати од пет години.
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
