-->
-->
АО: Женг ја елиминира Халеп
-->

Кинеската Шуаи Женг, ја елиминира од Австралија Опен втората носителка на турнирот Романката Симона Халеп. Женг која е 133-та на ВТА листата победи во два сета со 6:4, 6:3.
Халеп со големи амбиции допатува во Мелбурн на првиот Грен слем во сезоната, но на крајот Женг рутински славеше, иако Романката во вториот сет имаше предност од 3:1.
Женг во второто коло ќе игра против Ализа Корне која загуби само еден гем во дуелот со Србинката Бојана Јовановски.
Второ коло во два сета обезбеди третата фаворитка на турнирот, Габрине
Мугуруса. Шпанката со 6:0, 6:4 ја совлада Естонката Анет Контавајт.
Наредната ривалка на Мугуруса ќе биде искусната Белгијка Кирстен Флипкенс.
Неочекуван пораз претрпе и постарата од сестрите Вилијамс, Венус, која со 4:6, 2:6, загуби од Британката Џоана Конте.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
