Апасиев: Левица ќе ги блокира сите Закони кои се поврзани со урбана мафија
Во денешното гостување во тема на денот на Сител Телевизија, лидерот на Левица, Димитар Апасиев рече дека неговата партија во Собранието ќе ги блокира сите Закони кои се поврзани со, како што рече, урбана мафија, етнотрибализам и шовинизам и со феудализација, односно приватизација на земјиште.
-Секој Закон кој ќе дојде во Собрание ќе биде блокиран од наша страна бидејќи тоа е уништување на државноста, уништување на Републиката и тоа не смее да помине, барем додека има пратеник на Левица во Собрание. А, на следните избори ќе имаме многу повеќе пратеници и многу повеќе ресурси за блокада, вели Апасиев.
Сепак, тој рече дека блокадата не е начин на работа на Левица. Според него, тој и неговиот колега Борис Крмов досега го блокирале само донесувањето на Деловникот и Законот за лични карти.
-Ние таргетираме сензитивни теми, како што ви кажав, овие три во моментов и на нив ги ставаме нашите ресурси. Но, одиме до крај. Денеска го блокиравме Законот за урбанистичко планирање бидејќи е во корист на урбаната мафија. Тоа е сакање да се протне она што се гради кај Холидеј ин. Има и многу други дупки за побрза урбанизација, за пренамена на земјоделско во градежно земјиште, рече Апасиев.
Вели дека барањето на Левица е во процесот на донесување на ваквите закони да се вклучат експертите од фелата кои многу подобро ја разбираат тематиката отколку самите пратеници.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
