-->
-->
Апел да не се краде и уништува опремата на „Водовод“ Кочани
-->

Со зачестените кражби и уништување на урбаната опрема на комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани се нарушува хигиената во делови од градот, а претпријатието трпи големи загуби, информира денеска раководството и апелира граѓаните да ја чуваат и да не ја уништуваат опремата.
- Во изминатите месеци КЈП „Водовод“ претрпе големи материјални штети во работењето на работните единици „Комунална хигиена“, „Градско зеленило“ и „Водовод и канализација“. Украдени се 70 метри метални тезги од градскиот пазар, а оштетени се и 98 контенјери. Направена е материјална штета и кај градското зеленило при што се украдени 78 зимзелени и листопадни дрвца, како и над 500 разновидни цвеќиња и трендафили, истакна на прес-конференција Александар Ефтимов, технички директор на кочански „Водовод“.
Според Ефтимов, во работната единица „Водовод и канализација“ оштетена и украдена е санитарна опрема во градскиот пазар и тоа четири хидранти, 10 славини и два водомера.
Од „Водовод“ информираат дека направената штета се санира во одделни делови на градот, а за направената материјална штета претпријатието ќе излезе со целосна информација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Претседателски избори во Бугарија, 6,59 милиони граѓани со право на глас, фаворити Јотова и Ѓуров
-

И во Македонија денеска се гласаше за изборите во Србија и Бугарија
-

Цените на горивата со нов рекорд - по какви цени ќе се точи од утре?
-

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница
-

Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
