Апел за донации: Потребна е итна помош за лекувањето на осумгодишната Ана

На Ана ѝ е дијагностициран редок и агресивен тумор на синусите (Tu Foss pterygopalatina, Sinus sphenodalis lat. dex et orbitae lat. dex). Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција. Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност.
Потребни се средства за операција, болнички трошоци и понатамошен третман во странство. Времето е клучен фактор, а семејството нема можност самостојно да ги покрие сите трошоци.
Секој придонес е значаен.
Донирајте и помогнете да се обезбеди навремено лекување за Ана.
Можноста за донирање е достапна на следниот линк на платформата Ecrowd: https://ecrowd.mk/projects/045c8893-4e49-4a9c-b3cd-86bcbc4103c4
Ново на Сител
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
