Апел за помош на Дојчин од село Дурачка река, Кривопаланечко

Во трошната куќа изѕидана од кал и камења, каде ветрот е редовен гостин, а гладта му е сопатник, Дојчин Павловски од кривопаланечкото село Дурачка река го дочека светлото на денот во новата 2020 година.
Но, годината не донесе ништо добро, ново ниту различно од изминатите 365 дена, бидејќи и вчера како и денес, како и секој ден од претходната година 55-годишниот Дојчин заспива и се буди во неизвесност, несигурност, со гладен стомак и празна куќа.А куќарката трошна, едвај наликува на место за живеење.

-Живеам сам, без никакви примања, немам право на социјална помош, бидејќи на мое име имам некаков имот од моите покојни родители, но не можам да го користам, немам ништо од тоа, а има денови кога немам ништо за јадење. Живеев со моите родители до пред една година, а кога починаа, останав сам, без работа, без пари, а и трошната куќа ми е во никаква состојба. Повеќе личи на дувло, отколку на живеалиште. Само што не се срушила. Повремено некој ќе ме викне да му сработам некоја физичка работа, ќе ми пружи некој денар, но тоа не стигнува ниту од денот за утре, а како преживувам по цел месец, година, само јас си знам, вели Павловски.
Струја има, нема вода, а ниту има огрев или пак каков било инвентар.
Нема ниту каде да се избања за основните хигиенски навики.

– Ги молам сите добри луѓе кои може имаат нешто повеќе, а не им е неопходно, ако може да ми помогнат. Исто така, кој има потреба од работник, нека ме викне, не се плашам ни се срамам од работа, вака не се издржува, додаде Павловски.
Да помогнеме во деновите на новогодишните и божиќните празници, денови на дарување,да не заборавиме дека не се важни материјалните добра, поважно е нечие срце да се исполни со среќа и да почувствува љубов.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
