Апелација ја одби жалбата на ЈО, потврдена пресудата на Кривичен за „Тортура“
Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во врска со случајот „Тортура“ и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје.
- Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-274/22, во јавноста познат како „Тортура“, по одржана јавна седница и разгледување на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, одговорот на жалбата на обвинетите и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, со кој предлага да се одбие како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, а првостепената пресуда да се потврди, по одржаните советување и гласање на 7.2.2023 година, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К. бр.1959/17 и К. 528/18 од 23.7.2021 година, стои во соопштението.
Како што информираат од Апелациониот суд, Советот утврдил дека првостепената пресуда е јасна, разбирлива, подобна за испитување и не содржи суштествени повреди на одредбите на Законот за кривична постапка.
- Советот на Апелациониот суд Скопје утврди дека првостепената пресуда е јасна, разбирлива, подобна за испитување, не содржи суштествени повреди на одредбите на ЗКП, а фактичката состојба е правилно утврдена, при што првостепениот суд утврдил поинаква фактичка состојба од изложената во поднесениот и прецизиран обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Скопје, стои во соопштението од Апелациониот суд.
Судечкиот совет на чело со судијката Александра Ристеска изрече ослободителна пресуда во предметот „Тортура“ за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот командант на полициската единица „Алфа“, Ивица Анчевски – Пуки и петмината „алфи“, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани. Според Советот, јавниот обвинител, Љубомир Лапе, не докажал надвор од основано сомнение дека тие се виновни за делото „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“.
Случајот се однесуваше на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по тогашните парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Кампања на РСБСП - Безбедно на мотоциклите
-

Кривична за поранешен градоначалник на Делчево за „злоупотреба на службената положба и овластување“
-

Претрес во Кочани, кај 21-годишна девојка пронајдени три видови на дрога
-

Пиеракакис: Можно е да се соочуваме со најголемата енергетска криза во историјата
-

Турската полиција приведе 83 лица, блокираше 940 сметки и затвори 93 групи поради објави за пукањата во Кахраманмараш и Шанлиурфа
-

Инфантино: Играчите на Иран сакаат да играат на Мундијалот и треба - спортот треба да биде над политиката
-

Мицкоски: Законот за високото образование не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднината на земјата
-

ДЗС: Ангелов во Кипар на состанок на директори за цивилна заштита на земјите од ЕУ
