Апостолоска: Ми го одзеде бебето и сопругот, а доби само условна казна затоа што призна вина
Тетовката Наташа Апостолоска која доживеа вистинска трагедија на 12 октомври 2018 година кога нејзиниот сопруг загина во тешка сообраќајна несреќа кај Млечен, во која беше повредена и самата Апостолоска, бурно реагира за денешната пресуда.
-Денеска во името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна !!!, регира на Твитер оштетената Наташа Апостолоска од Тетово.
Во сообраќајката Апостолоска го загуби сопругот и нероденото бебе, а и самата се здобила со тешки телесни повреди.
Таа во коментари вели дека и самата е адвокат и дека е огорчена од пресудата во која виновникот кој и ги одзел и е причинител на несреќата е ослободен и нема да сноси никаква огдоворност.
-Едино образложение кое го даде судијата е дека признал, а тој не ни дојде денес, а ни од ОЈО не дојдоа. Се друго ќе образложеле во пресуда со тоа што ми потенцираше дека за штета и трошоци ќе ми досуделе, како да тоа ми значи во животот кога го изгубив најсаканото, животот- пишува Наташа.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови