Апостолова вџашена, го повикува косовскиот парламент да ја отфрли иницијативата

Шефицата на канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова, рече дека е вџашена од иницијативата на косовскиот парламент да го укине Законот на Специјалниот суд и го повика Собранието веднаш да го отфрли таквиот предлог.
- Јас сум вџашена од иницијативата Собранието на Косово да го укине или поништи законот за специјални судови и специјални обвинители. Го повикувам Собранието веднаш да ја отфрли таквата иницијатива, изјави синоќа Апостолова.
Таа оцени дека таквиот потег ќе биде исклучително штетен за Косово.
Тоа би ја довело во прашање целата заедничка работа во последниве години на полето на владеењето на правото и правдата, предупреди Апостолова.
-Ниту еден политичар во Косово нема право да донесе одлука со која ќе ја загрози иднината на Косово, потенцираше таа.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
