Апсење на преминот Богородица - две лица сакаа да ја измамат полицијата
Апсење на преминот Богородица, граничната полиција фати двајца измамници.
- На Граничниот премин Богородица на излез од Република Македонија вчера во 6:00 часот се пријавило патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(60) од Скопје, а како сопатник во возилото била Ѓ.И.(34) од Скопје. При проверка на патните исправи, полициските службеници се посомневале околу фотографијата на сопатничката Ѓ.И.. По извршен преглед, кај неа била пронајдена косовска лична карта на име В.А.(21) од Косово. Истиот ден во 3:30 часот таа остварила влез во Република Македонија на Граничниот премин Блаце со косовска лична карта. Таа била приведена и спроведена до Прифатен центар за странци во Гази Баба-Скопје за понатамошна постапка. Возачот А.П. бил лишен од слобода и бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, стои во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
