-->
-->
Апсење во Чаир
-->
Единицата за внатрешни работи – Чаир, синоќа околу 23.00 часот го приведе лицето А.И (21) под сомнение дека извршил повеќе кривични дела од областа на имотни деликти.
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, од страна на ЕВР- Чаир, со прибирање докази документирани се пет кривични дела – тешки кражби во куќи и едно кривично дело – џепна кражба. Со извршување на овие дела А.И се стекнал со противправна имотна корист од околу 224.290 денари и причинил материјална штета од 13.500 денари.
Против него, како се истакнува во соопштението на МВР, до ОЈО Скопје е поднесена е соодветна кривична пријава за сторените кривични дела, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови