Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
Вечерата 8 мај го донесе најголемиот настан на политичката сцена изминатава година – промена на власта прв пат по седум години. По доманинацијата во локалната власт, Мицкоски конечно ја доби владата
58 пратенички мандати на ВМРО-ДПМНЕ гарантираа стабилна власт, таква каква што не видовме изминативе години. Големата СДСМ пак, се сведе на скромни 18 народни избраника.
На 8 мај добивме и нов претседател со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ – професорката Гордана Силјановска Давкова. Пред пратениците во заклетвата дека ќе им служи на граѓаните наместо Северна, изговори само Македонија.
Неколку дена потоа, Силјановска му го предаде мандатот за составување Влада на Мицкоски. Договарањето со Меџити, Касами, Гаши и Таравари одеше брзо, со ЗНАМ на Максим Димитриевски уште побрзо. За прв пат по 16 години, Ахмети замина во опозиција. Неговите перја во владите со Заев и Ковачевски : Груби, Османи и Арбер Адеми не беа ни на пратенички листи. Првиот Груби, крајот на годината ја заврши и многу неславно: на црна листа и во бегство поради истраги за сериозен криминал.
Како одговор на ова, власта доби нов предизвик од ДУИ – меѓуетничките теми зачинети со одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот, но и отворањето на постапка за законот за јазици.
Ахмети користеше закани, Мицкоски предупредуваше дека ова се сценарија за дестабилизација.
Од изборниот пораз пак, тешко закрепнуват социјалдемократите. Шансата за партиско консолидирање со бројни сомнежу му ја дадоа на Филипче.
Но, Законот за бранители беше единствениот посериозен обид на СДСМ политички да поентира. Пркосот во Собранието сепак најчесто го правеше Левица со мини инциденти во собраниската сала.
Владата на Мицкоски не беше единствената оваа година. За прв пат во македонската независна историја, како последица на политичките пазарања на Заев и Ахмети, добивме премиер Албанец - Талат Џафери ја предводеше техничката влада пред изборите.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар