-->
-->
Аргентина може да остане без пласман на СП во Русија
-->
Фудбалската репрезентација на Аргентина во претпоследното коло од квалификациите од јужноамериканската зона ноќеска на домашен терен одигра 0:0 со Перу и остана на шестото место на табелата. За директен пласман на Мундијалот во Русија „гаучосите“ ќе мора во последното коло на гости да го победат Еквадор (има серија од пет порази) и да ги минат на табелата селекциите кои се на пред Аргентина (Чиле, Колумбија, Перу).
Во прилог ќе им оди и распоредот бидејќи во последното коло играат Перу - Колумбија и Бразил - Чиле.
Резултати од 17.коло:
Аргентина - Перу 0:0,
Боливија - Бразил 0:0,
Венецуела - Уругвај 0:0,
Чиле - Еквадор 2:1,
Колумбија - Парагвај 1:2.
Табела:
Бразил 38 бодови (пласиран на СП),
Уругвај 28,
Чиле 26,
Колумбија 26,
Перу 25,
Аргентина 25,
Парагвај 24,
Еквадор 20,
Боливија 14,
Венецуела 9.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница