Аријана ја продолжува европската турнеја и покрај честите терористички напади

Со засилени мерки за безбедност, со концертот во Париз сношти, американската поп ѕвезда Аријана Гранде ја продолжи својата европска турнеја.
Пејачката настапи пред неколкуилјадната публика во Акор Хотелс арената. Околу концертната сала движењето беше ограничено, а беа донесени и кучиња за откривање експлозив и секој посетител беше претресуван.
На 22 мај, на концертот на Аријана во Манчестер, исламист се саморазнесе и уби 22 лица. Одговорноста ја презеде терористичката група Исламска држава (ИД).
Минатата недела пејачката одржа и добротворен концерт во Манчестер, во сеќавање на жртвите и за помош на ранетите во нападите. Тоа се случи еден ден по терористичкиот напад во Лондон, каде тројца исламисти убија осуммина и ранија приближно 50 луѓе. ИД е одговорна и за овој напад.
Во Париз завчера, маж вооружен со чекан и ножеви нападна полицајци пред катедралата Нотр Дам, пред да биде застрелан и ранет. Вчера, во болничката соба започна и неговиот распит. Според извори блиски до истрагата, на видео снимка пронајдена во неговиот стан, и овој напаѓач бил ревносен приврзаник на ИД.
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
