-->
-->
Армијата ја презеде заштитата на објектите во Виена
-->
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, синоќа соопшти дека армијата ја презема заштитата на објектите и локациите во Виена, по синоќешниот терористички напад.
За да може полицијата целосно да се концентрира на борбата против тероризмот, Владата донесе одлука армијата да ја преземе заштитата на објектите во Виена, изјави Курц.
Тој ги осуди вооружените напади во центарот на Виена како „гнасни терористички напади“. Канцеларот рече дека полицијата одлучно ќе дејствува против извршителите на овој терористички акт.
Во нападот починаа четири лица, меѓу кои и еден напаѓач. Напаѓачите на повеќе локации синоќа пукаа во луѓе низ улиците во австриската престолнина. Засега е извесно дека најмалку 17 лица се повредени, a нападот е со терористички мотиви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
