Армијата на Асад напредува во западна Сирија

По нападите на руските воени авиони во околината на главниот пат кој го поврзува Дамаск и Алепо преку Хомс и Хама сириската армија поддржана од сојузничката либанска милиција напредува во западна Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Организацијата со седиште во Лондон наведува дека сириската армија лојална на претседателот Башар ал Асад и борците на Хезболах го зазеле Тал Скик, планински регион во провинцијата Идлиб.
Сириската новинска агенција САНА јави дека Тал Скик веќе е под коинтрола на сириската армија по „големата копнена воена операција, поддржана од руските авиони, против терористичките организации“ во регионот. За време на операцијата биле уништени оружје, муниција и воена техника, а загинале 50 луѓе.
Идлиб е под контрола на Армијата на освојувачите, исламистичка алијанса, во која се вклучени сирискиот огранок на Ал Каеда - Фронтот ал Нусра, но и џихдистичката група Исламска држава.
Во меѓувреме „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) ја обвини Русија дека откако директно се вмешала во сириската војна, употребува или ја снабдува сириската армија со нов вид касетни бомби, поефикасни од досегашните.
ХРВ наведува дека новите касетни бомби биле употребени во воздушниот напад од 4. октомври во близина на бунтовничкото село Кафар Халаб, југозападно од Алепо, северна Сирија.
Ново на Сител
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
