Арсовска: Китењето чини 30.000 евра, претходно чинело 300.000 евра од кои голем дел завршувале кај кумот на Шилегов
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека се поставени шест елки на плоштадот. Исто така, го обвини својот претходник Петре Шилегов дека трошел по 300.000 евра, ова го изјави Арсовска во синоќешното гостување во емисијата „Тешки муабети“ , како реакција на коментарите на Шилегов.
– Сега китењето чини 30.000 евра, порано чинело 300.000 ерва. Треба да разбереме една работа, ние славиме Божиќ на 7 јануари, секоја година се кити во исто време. Јас еве им ветувам на граѓаните догодина ќе почнеме од септември да китиме. Меѓутоа, во држава во која се се краде, му се цица крвта на народот, тоа не е тема, се товарат со хидроцентрали и тоа не е тема, туку елката на плоштад. Некој го боли оти утре нема да може да краде. За мене поважно е сите овие ранливи категории на кои им овозможуваме цела година да имаат топол оброк, да има каде да преспијат, купивме две возила кои со години не биле купени со кои се транспортираат лица со физички попречености.
Секој ден одбирам да помогнеме на тие луѓе, наместо да имаме елка од 300.000 евра и пак имаме елка и не една, туку шест елки, рече Арсовска и напомена дека голем дел од парите за украсувањето претходно завршувале кај кумот на Шилегов.
Ново на Сител
-
Лазаров: Треба да бидеме задоволни, иако пропуштивме победа
-
Агенциите за помош планираат големо распоредување во Газа откако ќе стапи на сила прекинот на огнот
-
Проштално обраќање на Бајден: Во САД се создава „опасна“ олигархија | ВИДЕО
-
Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Бајден за помошта за прекин на огнот
-
Собранието ќе ја одржи 30. седница
-
Студено со утринска магла по одделни котлини, наместа услови за слаб снег
-
На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија