Македонија
16. May 2023 - 10:11

Арсовска најави враќање на приватните превозници до крајот на мај

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска најави дека приватните превозници ќе се вратат на скопските улици до крајот на мај при гостување во емисијата „10 минути“ на „ТВ21“.

- Она кое го имавме како постапка, беше прекинато во два наврати. Имаа недостатоци во документацијата, сега им е целосна документацијата, и во рамки на законски, јавниот повик е исполнет, договорот се склучува неделава, и очекувам скоро дека ќе се реши. Од прилика осум дена од потпишувањето на договорот приватните автобуси ќе се вратат на улиците и очекувам тоа да биде кон крајот на овој месец. Мислам дека и пред почетокот на јуни ќе бидат исполнети условите, кажа Арсовска.