Арсовска: Се регулира статусот на закупците на дрвените куќарки на кејот кои од 2018 година се без договор
Новата постапка за издавање на дрвените куќарки на кејот „13 Ноември“ Градот Скопје ќе ја води со крајна цел заштита на закупците кои продаваат книги на кејот, истакна градоначалничката Данела Арсовска на средбата со претставници на корисниците на овие куќарки, со кои разговараше за затекнатата правна состојба и за условите во кои тие работат.
Корисниците на куќарки на кејот „13 Ноември“ се оставени без активни договори со Град Скопје од 01.02.2018 година, односно веќе четири години немаат регулиран статус и правен основ за користење.
Овие лица за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година, со што договорите им се прекинати од 31.01.2018 година.
Градот Скопје информира дека постојната состојба ги оштетува лицата кои ги користат куќичките бидејќи немаат решен статус, како и Градот при што се дозволило 4 години истите да немаат регулирани односи со договор.
Сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење на истите.
Град Скопје
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана