Арсовска: Скопје ќе биде град на фестивали
Возобновување на фестивалот „Златно славејче“ и поголема финансиска поддршка за Скопскиот џез фестивал, најави денеска независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.
– На Скопје му е потребна нова енергија, потребни му се културни случувања. Скопје ќе биде град на фестивалите. Планираме одржување на најмалку 12 фестивали, за секој месец во годината по еден фестивал. Златно славејче кое е симбол на Скопје ќе се возобнови. Градот ќе ја продолжи и ќе ја зголеми поддршката на Скопје џез фестивал, истакна Арсовска на прес-конференција.
Во нејзината изборна програма покрај функционална Универзална сала, планирано е да се изгради и концертна арена на отворено. Како дел од програмата е и заживување на Старата чаршија преку проектот „Ритамот на чаршијата“, а ќе се посвети и дополнителна грижа за зачувување и популаризација на Куршумли Ан, Капан Ан, Сули Ан, Чифте Амам, Даут-пашин Амам и Безистенот.
Во соработка со Општина Аеродром, како што најави, ќе се инвестира во нов мултифункционален културен центар во Ново Лисиче со кино и театар, а планирана е и организација на меѓународно Биенале на Град Скопје во сеќавање на скопскиот земјотрес, преку преку организирање на ликовни колонии и изложби.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден