Арсовска: Скопје повеќе нема да биде град на заборавени населби, се обврзувам на брзи и ефикасни решенија за надминување на затекнатите состојби
Асфалтирање на сите улици и олеснување на пристапот до своите домови, реконструкција на водоводната мрежа, решавање на проблемот со канализација, која во моментов се излева по улиците во скопската населба Топаaна и овозможување на чиста и здрава животна средина, се дел од клучните барања на кои тамошните жители бараат итни решенија, а ги истакнаа денеска на средбата со независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.
- Зошто во населба Топаана, која се наоѓа во близина на централното градско подрачје, денес се уште нема соодветна водоводна мрежа, канализација и граѓаните газат по кал на улиците, а детското игралиште е претворено во дива депонија која никој не ја чисти, се прашања на кое треба да одговорат градските власти кои ги заборавија овие граѓани и воедно, им немаат овозможено основни услови за живот. Додека во еден дел од градот нерамномерно се вложува, некои делови на Скопје се заборавени и се соочуваат со проблеми кои треба да бидат заборавени во минатиот век. Се обврзувам на решавање на сите овие проблеми со брзи и ефикасни решенија кои ќе значат конечно надминување на затекнатите состојби. Скопје повеќе нема да биде град на заборавени населби и секој еден граѓанин ќе ги добие потребните услови за достоен живот во едно современо Скопје, како што заслужуваме сите, истакна Арсовска на средбата со граѓани во Топаана.
Ново на Сител
-
Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети
-
Дуда: Трамп ќе ја посети Варшава, најави зајакнување на американското воено присуство во Полска
-
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари - измама во Пробиштип
-
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
-
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад
-
Известувачот на Европарламентот за Србија во посета на Белград
-
Парламентарни избори во Германија