Арсовски: Фон дер Лајен беше прецизна дека иднината на Македонија е во ЕУ
Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен вчера беше прецизна дека иднината на Македонија е во Европската Унија. Таа од Скопје ја испрати пораката за силна поддршка, оддаде призание за постигнатиот напредок во реформите и рече дека е ангажирана на тоа, до крајот на оваа година Македонија да ги почне преговорите за членство, истакна владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција.
Тој, одговарајќи на новинарско прашање, кој е ставот на Владата, откако утрово министерот за надворешни работи Бујар Османи во утрински брифинг рече дека „пораката од Брисел не е добра“, цитирајќи ја вчерашната изјава на Фон дер Лајен, нагласи дека со се што постигнавме, Владата смета дека тоа е целосно заслужено и дека тоа ќе биде најдобра потврда дека политиката на проширување на Унијата не е само декларативна.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети