Арсовски: СДСМ година и пол е на власт и не успеа да го оствари ветувањето за рестартирањето на „Југохром“
СДСМ и Кочо Анѓушев се уште не кажаа кои се тие 650 работници од 1.200 работници, од „Југохром“ кои нема да одат на работа откако ќе почне со работа комбинатот.
Веќе година и пол СДСМ, Заев и Анѓушев ги лажат 1.200 работници на „Југохром“ кои се надеваат дека ќе почнат со работа. Одговорот на Анѓушев, Заев и СДСМ е дека од 1.200 само 550 ќе почнат да работат и тоа дури на пролет. За останатите 650 работници од „Југохром“, никому од Владата на СДСМ не му е гајле што ќе се случува и дали ќе имаат пари да преживеат. Всушност и онака година и пол ги оставија на питачки стап, да се снаоѓаат и да преживуваат како знаат.
Но, она што е позагрижувачко е дека никој од Владата не одговори, дали позади нерестартирањето на „Југохром“ се кријат нечии бизнис апетити и дали можеби некој задкулисно се пазари?
Граѓаните и вработените се уште чекаат одговор на ова прашање.
Вчера обелоденивме помеѓу снабдувачите со струја на „Југохром“ додека работеше, беше „ЕДС“ компанијата која што беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тоа можевме да го видиме од возниот ред на „МЕПСО“, кој ви го презентиравме за 8 јуни 2016 година, од која се гледа дека „ЕДС“ на Анѓушев во тоа време се јавува како добавувач на струја за „Југохром“.
Господине Анѓушев дали е точно дека кога Вие бевте вицепремиер и сопственик на „ЕДС“ му продававте струја на „Југохром“?
Дали можеби ги искористевте должничко-доверителските односи и му обезбедивте кредит од 1.5 милиони евра?
И на крај, зошто ги лажевте Тетовци заедно со Заев дека до јуни 2018 ќе се рестартира комбинатот, а сега повторно тврдите дека агонијата ќе се продолжи за уште една година?
СДСМ година и пол е на власт и не успеа да го оствари ветувањето за рестартирањето на „Југохром“, најверојатно бидејќи се работи за бизнис интереси.
Ова што се случува денес заради политиките на СДСМ е вистинска катастрофа за граѓаните и оди единствено на штета на граѓаните.
Оваа катастрофа мора еднаш засекогаш да заврши. СДСМ мора да си замине од власт уште веднаш за Македонија да може да тргне напред. Што побрзо си заминат, толку подобро за државата и за граѓаните.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Гардијан: Украина одбележува 1000 дена од руската инвазија и почетокот на војната
-
Три лица убиени во напад со нож на Менхетен
-
Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга
-
Зеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина
-
Во Грузија судири меѓу демонстрантите и полицијата, уапсени најмалку десет лица
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина
-
Во Берово најстудено, -6 степени
-
Почнува амандманска расправа за Предлог - буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет