Арсовски: Заев спроведува демакедонизација преку Георгиевски и Бучковски

Пробните балони на Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски, се тоа кое што Зоран Заев всушност го договара со соседна Бугарија. Заев планира и спроведува демакедонизација на се што е македонско во Република Македонија. Едноставно, обезличување на идентитетот, јазикот, историјата, народот, нацијата, државата и се она кое што не прави горди Македонци.
Документот објавен во медиумите од филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ги потврди тврдењата на Претседателот на МАНУ, господин Коцарев и професорката Котеска, дека Зоран Заев на најдрзок и најбезобразен начин преку своите инсталации сака да ги укине македонските катедри за македонска книжевност и македонски јазик.
Со ова Зоран Заев сака да го обезличи и осакати македонскиот народ, укинувајќи му ги катедрите по македонски јазик и македонска книжевност.
Намерата да се укинат катедри за македонски јазик и книжевност значи целосна капитулација на државата и народот, со што директно остава простор да се избрише македонскиот јазик од официјален јазик.
Ова значи целосна демакедонизација на македонскиот народ и држава, во насока на изјавите на Бучковски и Георгиевски кои пак се аминувани од Заев дека немаме сопствена историја и јазикот ни е вештачки, што е спротивно на реалноста.
Лудилото на власта и Заев е веќе повеќе од очигледно, а ние ја повикуваме јавноста будно да ги следи делувањата и изјавите на оваа тројка Заев, Бучковски, Георгиевски, и секогаш кога ќе има опасност за идентитетските прашања заедно со нас бурно да реагира.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
-

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка
-

АХВ го затвори пансионот „Ав Aв Хепи Дог“
-

Изменет режим на јавниот превоз и работното време на ЈСП за новогодишните празници
-

Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
-

Засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти: Издадени 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари
-

Индустриското производство до ноември поголемо за 1.9 % во однос на минатата година
-

ДКСК следната година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционери
