Арсовски: ЗНАМ нема да ја поддржи интерпелацијата за Гаши
Движењето ЗНАМ нема да ја поддржи интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши поднесена од Левица. Мнозинството во Парламентот останува обединето, соопшти од собраниската говорница пратеникот од ЗНАМ Павле Арсовски.
Арсовски се осврна на дел од наводите во интерпелацијата, за кои сметаат дека се вредни за дискусија како давањето заклетва при преземањето на функцијата прво на албански па на официјалниот македонски јазик
- При давањето свечена изјава во Собрание Движењето ЗНАМ смета дека дефинитивно е прекршен Уставот и како партија ја изрази својата загриженост преку ставот на претседателот Димитриевски и изјави на наши функционери, и во тој случај бевме доследни на тоа за што се залагавме, рече Арсовски но за тој настан и ние пратенциите и јавноста не доби јасен одговор дали тоа се случило заради пропуст на протоколот раководен од поранешниот секретар на Собранието или тоа било намера на Гаши, па немаат, вели, ниту основ да му го припишат тоа на спикерот .
За настанот за одбележување на годишнината од Сребреница, меѓу другото Арсовски посочи, дека претседателот на Собранието дал објаснување дека е сплет на надворешни околности, а за инцидентот со претседателката на Косово на меѓународниот аеродромот во Скопје, рече дека Гаши можел да постапи помудро да не се инволвира, но и дека не лоцираат во него лична одговорност. Движење ЗНАМ смета дека Гаши сепак требало да најде начин да не се инволвира и како што подвлече Арсовски, овој настан беше предмет на брза интерна истрага на МВР, која имаше експресна завршница со суспензија од работа и кривична пријава против припадникот на МВР.
-Грешки во работата се можни и ние како партија ЗНАМ сме ги апострофирале. Кога влеговме во оваа коалиција ветивме ќе работиме и ќе критикуваме - тоа е и основата на демократијата. Но, сметаме дека оваа и за работата на претседателот на Собранието покрај тоа што е демократска процедура, не ја гледаме никако отколку како обид на поднесителот на интерпелацијата Левица поддржана во неформална коалиција од партијата СДСМ за собирање дневнополитички поени. Ние од ЗНАМ сме партија која е свесна за моментот во кој се наоѓа Македонија, момент во кој после повеќедецениско раскрчмување на државата и разнишани институции ни треба стабилност. Стабилност која е предуслов за работа на секое општество. Да се фокусираме на економско зајакнување и градење на стабилен општествен поредок, а не уште на почетокот да се занимаваме со театри и испраќање на политички стрели, рече Арсовски.
Заедно и власта и опозицијата, додаде тој, треба да се фокусираат на основните круцијални проблеми кои го засегаат секој граѓанин и да почнеме одново да градиме една економски стабилна и просперитетна држава, која нема да ги брка своите луѓе надвор од границите, туку ќе биде матица на среќни и задовони граѓани.
-Затоа почитувани пратеници, Движењето ЗНАМ му дава поддршка на Претседателот за Собранието за понатамошно извршување на функцијата и ќе гласа против интерпелацијата. Големото мнозинството во овој состав на Собранието во кој Движење ЗНАМ има активно учество останува обединето. Обидот истото да се дестаблизира очигледно е дека е неуспешен, заклучи Арсовски.
Пратеникот Амар Мециновиќ од Левица во својата реплика забележа зошто толку доцни Движењето ЗНАМ со својот став за интерпелацијата која веќе месец дена е предмет на интерес на јавноста, а изречениот став оцени дека е резултат на опортунизам и лукративни причини.
-Вие велите погазен е Уставот но сепак ја има нашата поддршка. Ова е фолирање просто. Ако сметате дека е прекршен Уставот по однос работите кои ги изнесовте, тогаш треба да ја поддржите иницијативата. Но вашето ретерирање, иако сметате дека е така, е резултат на долгогодишната соработка која ја имате со Вреди која започнува со меморандум за соработка во Општина Куманово и за делење на политичкиот плен на вработувањата во општината за вашиот градоначалник да ги подели вработувањата со Вреди. Таа политичка соработка е опортуна и едноставно сакате таа да продолжи, кажа Мециновиќ.
Пратеникот Арсовски одговри дека одложувањето на одлуката за тоа како ќе се позиционира партијата се должи на, вели, добро изградените внатрешни партиски процедури.
-Додека Извршиот и Централниот одбор не го одлучи тоа не е официјално и тука нема никаква задна намера, рече Арсовски.
Тој додаде дека во искажаниот став дека Гаши можел повешто да се снајде во одредени ситуации не е критика само кон него туку е и самоктрика кон целата коалиција. Во однос на забелешките за Општина Куманово, Арсовски рече дека по локалните избори од страна на градоначалникот соработка им била понудена на сите партии.
Ново на Сител
-
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Мицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Објавен идентитетот на загинатиот Македонец во Нови Сад
-
Штипјанец си ја убил девојката, сам се пријавил во полиција
-
Македонец меѓу загинатите во Нови Сад
-
Почина еден од ранетите во Арачиново
-
Сообраќајка на патот Тетово - Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента