Артета: Гладни сме да го добиеме натпреварот за финале

Реванш полуфиналето од Лигата на шампионите меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид што се игра вечерва (почеток 21 часот) привлекува големо внимание. По првиот дуел во Мадрид победник немаше и дуелот заврши – 1:1. За двата тима овој натпревар е од исклучително значење.
-Ја чувствувам енергијата во и меѓу тимот, кај нашите навивачи, ова се моментите што сакаме да ги живееме заедно. Имавме многу работа како клуб. По 20 години повторно да бидеме во оваа позиција и сме гладни да добиеме натпревар и да се пласираме во финалето, изјави менаџерот на Арсенал Микел Артета.
За важноста на натпреварот напаѓачот Виктор Ѓоќереш истакна:
-Се снајдовме многу добро во текот на целата сезона, но секако сега овие натпревари … се она на што сè се сведува, да нè доведат до целта. Досега беше неверојатно она што го направивме, но мора да го направиме сега.
Арсенал во својата клупска историја има едно учество во финалето од Лигата на шампионите 2006 година и пораз од Барселона.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
