Артуро Сандовал и неговиот бенд вечер на програмата на „Охридско лето“
Дваесет и шестиот ден од „Охридско лето“ ќе го одбележи настапот на можеби најголемата музичка ѕвезда во рамки на годинешната фестивалска програма, Артуро Сандовал, натурализиран американец со кубанско потекло, кој e еден од најпознатите изведувачи на труба во светот.
На вечерашниот концерт на Античкиот театар во Охрид, Сандовал ќе настапи заедно со својот бенд, со Џон Белзагај на бас, Тики Пасиљас задолжен за ритам секцијата, Дејв Сигел на клавијатури, Џони Фрајдеј на удиралки и Кемуел Роиг на пијано.
За Сандовал критиката вели дека е еден од најдинамичните и најенергичните музичари на денешницата. Добитник е на десет „Греми“ награди, шест „Билборд“ и една „Еми“ награда. Редовно настапува со водечките симфониски оркестри низ светот, а соработката со некои од најголемите музички ѕвезди резултирала со бројни компакт-дискови. Покрај тоа, Сандовал е познат и како композитор на филмска музика.
На програмата на вечерашниот концерт се познати џез-композиции од светски автори.
Големиот уметник во текот на утрешниот ден ќе има и прием кај претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, а попладнето од 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе одржи мастер-часови со млади уметници на кои ќе им пренесе дел од своите уметнички вештини и музички искуства.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски