Асад: Ќе ја повратиме цела Сирија

Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска во интервју за една данска телевизја најави дека неговите сили ќе ја повратат контролата врз целата земја, вклучувајќи го и Алепо, но наведе дека повеќе би сакал да до тоа дојде со помош на локални договори и амнестија која на бунтовниците им дозволува да заминат во други области.
Според транскрипт од интервјуто за данската телевизија ТВ2, Асад изјави дека во сириската војна не постојат умерени бунтовници и дека САД го користат фронтот „ Ал Нусра“ како „карта“ во конфликтот, пренесуваат британските медиуми.
Затоа, смеат тој, САД не сакаат да постигнат мировен договор според кој би се дозволеле воздушни напади врз фронтот „Ал Нусра“, затоа што оваа група е единствената нова „конретна и ефикасна карта во сириската арена“.
По силната офанзива и бомбардирања, сириската Влада, со поддршка на либанските и ирачките милиции, како и на Русија, на бунтовниците од некои области им понуди амнестија, што некои ја сметаат дека би можела да биде модел и за Алепо, каде веќе две недели трае жестоката офанзива на сириската војска, наведуваат британските медиуми.
Асад негираше дека сириските сили ги бомбардираат болниците и цивилните објекти во Алепо.
-Ние немаме политика на уништување на болници, училишта и такви објекти. Ако има такви напади од страна на војската, тогаш тоа би било грешка, рече Асад.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
