Асанж: Промените со Трамп би можеле да бидат кон подобро, но и кон полошо
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж смета дека промените што ќе ги спроведе новоизбраиот американски претседател Доналд Трамп во САД, би можеле да „бидат кон подобро, но и кон полошо“.
Во интервју за италијанскиот веник „Република“, Асанж оцени дека под Админстрацијата на Трамп, САД би можеле да добијат шанса за позитивни, но и за негативни промени.
Говорејќи за претседателските избори во САД, Асанж вели дека неговите чувства „се помешани“ во врска со одлуката на Американците, но не пропушта да упати остри критики кон демократскката кандидатка за претседател Хилари Клинтон.
- Изборот на Клинтон ќе значеше консолидација на власта на посточеката владејачка структура во САД. Трамп не е инсајдер во Вашингтон, туку е дел од богатата елита на САД и тој околу себе прибира низа други богати луѓе, вели Асанж во интервјуто.
Тој очекува со доаѓањето на Трамп во Белата куќа во САД да се формира нова владејачка структура, која, според него, засега е се уште слаба што создава можност промените во земјата да тргнат кон добар или кон лош правец.
Два дена пред претседателските избори во САД, Асанж преку Викиликс објави серија електронски писма поврзани со Клинтон, што според некои аналиитчари, влијаело на конечниот резултат од гласањето.
Асанж престојува во Амбасадата на Еквадор во Лондон, со цел да избегна екстрадиција во Шведска, каде е обвинет за сексуален напад. Асанж ги отфрла овие обвинувања, тврдејќи дека барањето за негова екстрадиција во Шведска е само со цел шведските власти да можат да го предадат на САД, каде е обвинет поради објавување тајни и доверливи податоци преку Викиликс.
Ново на Сител
-
Со комеморација претседателката Сиљановска-Давкова се прости со Салмонд кој почина во Охрид
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
Нема интерес за згрижување деца
-
ДУИ не се откажува од протести, оценија дека задоцнето се носи новиот закон за правична застапеност
-
Филипче: Нема да бидеме параван за пропаднатите политики на власта
-
Во Македонија за прв пат ќе се прави идентификација на целиот недвижен имот што е во сопственост на државата
-
Дали зголемувањето е доволно?
-
Разговор со Весна Јаневска, Министерка за образование и наука