-->
-->
Аселборн: Велика Британија отстапува од надворешно-политичкиот курс на ЕУ
-->
Луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн изјави дека Велика Британија почнала да отстапува од заедничкиот надворешно-политички курс на Европската унија уште пред Брегзит да стане факт.
- Велика Британија веќе и кажа збогум на заедничката европска политика. Тоа е факт, рече Аселборн во интервју за германскиот весник „Зидојче зајтунг“.
Тој упати критика до одлуката на Лондон да се дистанцира од резултатите на меѓународната конференција во Париз за решавање на блискоисточното прашање.
- Премиерот Тереза Меј говори дека Велика Британија ја напушти ЕУ, но не и Европа. Во тој случај Велика Британија треба да се придржува во иста линија со Европа, рече луксембуршкиот министер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат