Асфалтирана десната страна од проширениот булевар „АСНОМ“ во Скопје
Градежните работи за проширување на булеварот „АСНОМ“, на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ до крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ се во тек. Изминатиов период целосно е асфалтирана десната страна од проширениот булевар, а набрзо ќе почне да се асфалтира левата страна, информира Град Скопје.
- Должината на трасата во првата фаза изнесува 845 метри, новиот булевар добива по три коловозни ленти во двете насоки, средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки. Ова е првата од трите фази за изградба на овој булевар, а во наредните фази ќе биде изграден мост на реката Вардар и проширениот булевар ќе се поврзе со булеварот „Гоце Делчев“.
Со целосната реализација на овој капитален проект, од градот посочуваат дека ќе се добие брзо, безбедно и модерно сообраќајно поврзување на општините Аеродром, Центар и Гази Баба.
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар