Асфалтирана улица 151 во тетовската населба Дреновац
Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи денеска присуствуваше на работите за асфалтирање на улицата 151 во тетовската населба Дреновец.
Делницата е со должина од околу деветстотини метри од православните гробишта до излезот од населбата, а патот е со ширина од седум метри.
- Овој пат беше во многу лоша состојба и сметам дека денешната наша интервенција ќе им овозможи на граѓаните да ја користат оваа улица полесно и побрзо. Додека ни овозможуваат временските услови ние ќе продолжиме да интервенираме и на другите улици со асфалт, бекатон, изградба на тротоари и слично, изјави Арифи.
Посочи дека во рамките на планираните активности предвидено е да се интервенира и на улицата што од старата библиотека минува и води до населбите два Бреста и Поток и каде се уште има калдрма што е во многу лоша состојба.
Во однос на најавите дека ученицте од македонска настава во гимназијата Кирил Пејчиновиќ утре ќе ја бојкотираат наставата поради нерешените просторни услови градоначалничката Арифи рече дека локалната власт изработила прокет за проширување на централната зграда на гимназијата што бил доставен до Министерството за обрзование од каде доставиле неколку замерки во однос на вкупниот габарит на објектите на тоа место.
- Потребно е Министерствата за транспорт и врски и за образование и наука да ги надминат овие проблеми што според мене не се толку големи и проблемот да се реши така што ученицте заедно во еден објект да продолжат да се школуваат и мислам дека секоја политизација на овој случај нема да придонесе за негово решавање. Останува привременото решение учениците Македоници да учат во зградата на народниот универзитет и основното училиште „Гоце Делчев“ каде ние интервениравме во адаптирање на просториите но трајното решение мора да дојде од централната власт, рече Арифи.
Ново на Сител
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија
-
Општина Центар: Во тек е голема акција, се чисти на шест локации
-
УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава
-
Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос
-
570 возачи казнети во Скопје: 150 за брзо возење, 22 без возачка, 4 возеле со забрана
-
Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
-
Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа
-
Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори