Македонија
27. August 2016 - 12:03

Асфалтирање на два крака од улица во кривопаланечката населба Баглак

Жителите на кривопаланечката населба Баглак кои живеат на локалитетот од мостот кај Куков дол наскоро ќе добијат нов асфалтен пат. Започнаа активностите за асфалтирање на два крака од улицата.
 
- Жителите на овој реон повеќе децении сесоочуваа со проблеми за пристап до домовите. Поројните дождови често го оштетуваа порамнетиот слој кој редовно се поставуваше , а мештаните бараа решавање на ваквиот проблем. Јас им ветив дека сето тоа ќе биде надминато. Денес започнавме да го асфалтираме патот во должина од околу 400 метри, а ќе се афалтира и останатиот крак од улицата, двата во вкупна должина од околу 600 метри, iнформира градоначалникот на Крива Паланка ,  Арсенчо Алексовски.
 
На улицата ќе бидат вградени околу 1.500 метри квадратни асфалт, а асфалтирањето се врши со средтсва од општинскито буџет од Програмата за санација, тампонирање и асфалтирање на делови од улици и крпење на удирани дупки на улици и локални патишта на територијата на општина Крива Паланка.
 
Со годинашната програма за оваа намена ќе бидат вложени вкупно 11,8 милиони денари.