-->
-->
Асфалтирање на два крака од улица во кривопаланечката населба Баглак
-->
Жителите на кривопаланечката населба Баглак кои живеат на локалитетот од мостот кај Куков дол наскоро ќе добијат нов асфалтен пат. Започнаа активностите за асфалтирање на два крака од улицата.
- Жителите на овој реон повеќе децении сесоочуваа со проблеми за пристап до домовите. Поројните дождови често го оштетуваа порамнетиот слој кој редовно се поставуваше , а мештаните бараа решавање на ваквиот проблем. Јас им ветив дека сето тоа ќе биде надминато. Денес започнавме да го асфалтираме патот во должина од околу 400 метри, а ќе се афалтира и останатиот крак од улицата, двата во вкупна должина од околу 600 метри, iнформира градоначалникот на Крива Паланка , Арсенчо Алексовски.
На улицата ќе бидат вградени околу 1.500 метри квадратни асфалт, а асфалтирањето се врши со средтсва од општинскито буџет од Програмата за санација, тампонирање и асфалтирање на делови од улици и крпење на удирани дупки на улици и локални патишта на територијата на општина Крива Паланка.
Со годинашната програма за оваа намена ќе бидат вложени вкупно 11,8 милиони денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена