-->
-->
Асфалтирање на неколку локации во Крива Паланка
-->

Локалните власти од општина Крива Паланка го заврија асфалтирањето на јавниот паркинг на улица „Херој Карпош“, кај населба Бавчалак, на самиот влез во населбата наспроти т.н. Шанин мост.
Се работи за локација со вкупна површина од околу 350 метри квадратни со која ќе се надоплни паркинг-просторот во овој реон од централното градско подрачје, а ќе им послужи и на локалните жители, како и на оние кои гравитираат во локалитетот кој води кон магистралниот пат А2.
Активностите се во рамки на Програмата за тековно одржување на локална патна инфраструктура, реконструкција и рехабилитација на истата како и крпење ударни дупки на сообраќајници во општината.
Во рамки на истата Програма извршено е и асфалтирање на дел од улицата „Ратко Минев“ во должина од 150 метри со просечна ширина од 3,5 метри.
Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
