-->
-->
Астрит Исени ја презеде функцијата заменик-министер за внатрешни работи
-->
Астрит Исени денеска официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи.
-Ми претставува чест и привилегија да ја извршувам функцијата заменик министер за внатрешни работи. Ќе се обидеме максимално да го одржуваме јавниот ред и мир, со што нашите граѓани ќе се чувствуваат заштитени и безбедни, рекол заменик-министерот Исени.
Исто така, Исени истакнал дека неговата посветеност ќе биде максимална во однос на извршувањето на обврските, како и блиската соработка со другите надлежни институции.
Како што информираат од МВР, Исени ќе се ангажира и за продлабочување на соработката со сите релевантни европски и меѓународни организации поврзани со безбедносните прашања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп