Свет
7. December 2020 - 14:59

„Атлантик“: Луѓе ќе умираат поради пренатрупани болници

Многу показатели сугерираат дека следното лето ќе биде радосно и просперитетно и дека луѓето повторно ќе се собираат на отворено и во затворено. Но, ќе ги има помалку, бидејќи ќе умрат десетици илјадиу Американци, кои можеле да бидат спасени, пишува американскиот магазин „Атлантик“.

Многу докази укажуваат на тоа дека се остварува еден од најлошите стравови од пандемијата – дека болниците ќе бидат преплавени, што ќе доведе до непотребни смртни случаи. Американците кои денес умираат од Ковид-19 би можеле да преживеат ако не се разболеа пред еден месец.