Авганистан го пријави првиот случај на полио во 2023 година
Авганистан го пријави својот прв случај на детска парализа во 2023 година, откако четиригодишно дете стана последната жртва на болеста која парализира.
Авганистанското Министерство за здравство соопшти дека случајот е регистриран во областа Бати-Кот во источната провинција Нангархар.
Минатата година во Авганистан беа откриени два случаи на див тип полиовирус.
За претстојната недела е планирана нова кампања за вакцинација против детска парализа, во која повеќе од 6,4 милиони деца ќе бидат вакцинирани против оваа болест, додаваат од Министерството.
Кампањите за вакцинација во Авганистан и Пакистан често наидуваат на тешкотии поради теориите на заговор дека вакцинацијата против детска парализа предизвикува неплодност или дека оние кои вакцинираат се користат како шпиони. Во многу инциденти, медицинските лица кои вакцинираат против детска парализа биле нападнати од екстремисти.
Детската парализа е вирусна болест за која нема лек и може да се спречи само со вакцинација. Може да предизвика парализа и да доведе до смрт.
Ново на Сител
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка
-
Инвестирање во капацитети и стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Затворена зоолошката во Скопје, потврден е „птичји грип“