Авганистан: Повеќе од 100 полицајци им се предадоа на талибанците
Талибанци зазедоа на север во Авганистан полициска станица откако им се предале повеќе од 100 локални полицајци. Тоа е тежок удар за авганистанските власти кои од лани во декември се без поддршка од НАТО силите кои ја напуштија таа држава.
- Повеќе од 100 полицајци три дена се бореле од база против талибанци и имале доволно оружје и муниција да се борат уште три месеци. Но, тие по преговори со талибанците се предале, а сето оружје и опрема е во раце на бунтовниците, изјави управник на полицијата.
Заменик гувернерот на провинцијата Бадакшан во која се наоѓа таа полициска база изјави дека предавањето на базата е „чин на големо предавство за што ќе биде извршена истрага“. Според талибанците, полицајците се пуштени на слобода под услов да не им се придружат повторно на државните сили.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени