Авганистан: Во 2016 година над 26.000 лица добија статус на внатрешно раселени
Континуираните борби во Авганистан од почетокот на годината принудиле 26.089 Авганистанци да ги напуштат своите домови, покажа денеска објавениот извештај на ОН.
Очекувањата се дека лошото време уште повеќе ќе ја усложни ситуацијата, пренесе ДПА.
ОН соопштуваат дека регистрирале внатрешно раселување во 21 од вкупно 34-те авганистански провинции. Во Нангархар, Кандахар, Фарјаб, Хелманд и Забул се наоѓаат најголемиот број внатрешно раселени.
Во извештајот се наведува дека со подобрување на временските прилики, секоја недела во северните делови на земјата се почесто има воени судири.
„Само минатата недела во Кундуз и Баглан поради борбите се раселија 3.500 лица", се наведува во документот на ОН.
За јужните региони, пак, ОН предупредува дека „конфликтот станува пожесток, што е знак за претстојната потенцијално тешка сезона на борби“.
Талибанците вообичаено на крајот на март и почетокот на април го прогласуваат почетокот на нова летна офанзива.
Годинава ОН очекува околу 450.000 внатрешно раселени лица.
Според достапните податоци, лани над 635.000 мирни жители избегале од своите домови.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра