Авганистанскиот министер за одбрана и началникот на ГШ поднесоа оставки
Претседателот на Авганистан Ашраф Гани ги прифати денеска оставките на министерот за одбрана Абдулах Хабиби и началникот на Генерал штабот на воените сили Кадам Ша Шахим, откако повеќе од 140 војници беа убиени во напад на талибанците врз воена база минатата недела, соопшти кабинетот на претседателот.
- Министерот за одбрана Абдулах Хабиби и началникот на ГШ Кадам Ша Шахим поднесоа оставки, кои веднаш стапуваат во сила, нагласи кабинетот на јавниот налог на Твитер.
Портпаролот на претседателот Ша Хусеин Муртазави изјави дека оставките се поднесени поради нападот врз градот Мазар и Шариф во северниот дел на Авганистан.
Најмалку 140 припадници на воените сили се убиени, кога десет талибанци облечени како војници со воено возило упаднале во базата и отвориле оган кон војниците.
Ново на Сител
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата