Aвгустовски испитен рок од државната матура
Матурантите во учебната 2021/2022 година кои во јунската испитна сесија не ја положија државната матура или не во целост, двата екстерни испита во августовскиот испитен рок ќе ги полагаат денеска и во петок (12 август).
Првиот екстерен (задолжителен) испит е за мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература, а вториот екстерен испит е изборен од предметите: математика, странски јазик (англиски, француски, германски или руски јазик), естетика и филозофија.
Државниот испитен центар минатиот месец соопшти дека средната оценка од двата екстерни испита од полагањето во јуни е 3,78 и е повисока во однос на минатата учебна 2020/2021 година кога беше 3,61.
За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок беа пријавени 15 899 кандидати (7135 од гимназии, 8504 од стручни и 260 од уметнички училишта).
Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмета и проектна задача и по скратени испитни програми.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја