Авиокомпанија дели бесплатни карти за деца, потребно е да исполните само три услови

Замислете да сакате семеен одмор, но имате проблеми со буџетот и некој ви вели за децата патот е бесплатен. Баш на такво нешто се одлучи една скандинавска авиокомпанија, па децата во нивните авиони оваа година ќе можат да се возат без пари. Меѓутоа, постојат три услови кои мораат да ги исполнат.
1.Скандинавијан Ерлајнс најави дека само децата до 11 години ќе имаат право бесплатно да летаат во авионот. Сепак и во ова има проблем, иако самата карта е бесплатна, понатаму дека ги платат сите други услуги во авионот.
2. Исто така, оваа понуда важи за децата кои со родителите ќе патуваат баш во Скандинавија, затоа што целта на авиокомпанијата е да донесе што повеќе туристи во овој дел од Европа.
3. Лошата вест е што оваа акција се однесува само на патниците од САД, а идејата е што повеќе луѓе да бидат привлечени во Скандинавија, па картите за децата нема да се наплатуваат.
Не треба да има сомнеж дека многу Американци ќе ја искористат оваа акција, посебно што таа се однесува на летови од Бостон, Мајами, Вашингтон, Сан Франциско и Лос Анџелес.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
-

Лажни возачки за камиони и автобуси – внатрешната контрола на МВР истражува
-

Годишните извештаи на Совет на ЈО и Републичкото обвинителство за 2025 пред пратениците
-

Владата преговара со 5 до 6 потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри
-

Дурмиши: Цените во маркетите засега се стабилни, инспекциите продолжуваат
-

Потпишан договорот за гасоводот Македонија-Србија, инвестицијата вреди 29,4 милиони евра
