-->
-->
Авионска дезинсекција на подрачјата зафатени со поплавите
-->

Авионска дезинсекција се изврши утринава на подрачјата на девет центри за јавно здравје и тоа во Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес, со посебен акцент на оние кои беа зафатени со поплавите.
Министерството за здравство апелираше лицата кои чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за нивна заштита и да не ги пуштаат надвор во наредните три до четири часа по прскањето.
Согласно Акцискиот план за спречување појава и ширење на вектор преносливи болести (со посебен акцент на комарци и крлежи), секоја година, почнувајќи од март до септември се преземаат активности за дезинсекција на јавни површини и сите општини континуирано спроведуваат дезинсекција на своите подрачја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
