АВРМ одржа две обуки во Општина Василево
Агенцијата за вработување од Струмица денеска организираше две обуки за невработените лица и за работодавачите во општина Василево. Според директорката Павлина Георгиева, невработените лица најмногу интерес пројавиле за мерката за самовработување и за обуките.
- Задоволни сме од одѕивот на невработените лица кои дојдоа во голем број иако присуството не е задолжително. Ова е начин поблиску да се информираат за активните мерки и програми за вработување, но и да постават прашања. Најзаинтересирани се за програмата за самовработување и за обуките. Пред се за обуките за општи вештини како компјутерска технологија и јазици и обуката кај познат работодавач, изјави Георгиева.
Градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов вели дека како локална власт поттикнуваат намалување на невработеноста.
- Ние и досега придонесувавме за намалување на бројот на невработени. Поттикнувавме развој на индустријата, односно помагавме да ја подигнеме самата економија, и да ги мотивираме работодавците да вработат лица од општината. Се надевам дека во сите досега новоизградени капацитети во индустриските зони ќе се вработат лица жители на нашата општина, рече Стојанов.
Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија во Општина Василево има 350 активни баратели на работа.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност