Австралиец за кригла пиво платил близу 62 илјади евра
Еден австралиски новинар за една кригла пиво во хотел во Манчестер платил 55.000 фунти (61.356 евра). Грешката ја направила девојката која работела во барот. Питер Лејлор, новинар за еден австралиски весник, платил астрономска сума за кригла пиво во хотелот Малмезон, откако денот го минал гледајќи крикет на Олд трафорд.
– Одлучив на враќање да се напијам едно пиво, а отидов во тој хотел бидејќи таму ми беа сместени пријателите, појасни новинарот. Тој вели дека додека плаќал не ги носел очилата, а имало и некакви проблеми со ПОС терминалот.
– Имав некое чудно чувство, па прашав: Колку го платив тоа пиво? Девојката од барот ја погледна сметката и рече: Ох боже, боже и потоа малку се двоумеше да ми ја покаже сметката. Откако било утврдено дека му биле наплатени 55 илјади фунти, менаџерот на хотелот веднаш ја признал грешката и ветил дека ќе му помогне за тоа да го среди со банката.
Лејлор заминал, погрешно претпоставувајќи дека банката нема да прокнижи толку голема исплата.
– Среде ноќ ме разбуди телефонот. Ми се јави сопругата во паника, која открила огромен кусок на мојата хипотекарна сметка, рече новинарот.
– Ги земаат парите за една секунда, а им се потребни 10 работни дена за да ги вратат, коментираше Питер Лејлор.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања