Австралија во преговори со Иран да врати илјадници бегалци
Австралија се надева дека ќе врати во Иран илјадници бегалци согласно договор што во моментот е предмет на преговори со Техеран.
Преговорите меѓу министерката за надворешни работи Џули Бишоп со иранскиот колега Мохамад Џавад Зариф се во напредна фаза и се очекува следната недела да биде потпишан договор, по што Техеран нема да се откаже да ги прифати назад иранските бегалци кои не сакаат да се вратат во татковината.
– Сакаме луѓето кои не одговараат на правилата за давање азил да се вратат доброволно во државата, соопшти Кабинетот на министерката.
Согласно договорот Австралија сака гаранции од Иран дека луѓето вратени во татковината нема да бидат казнети или под истрага. Со договорот може да бидат погодени околу 9.000 Иранци кои според Австралија не се бегалци туку економски мигранти.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори